Кога бракот им влегол во опасен период, младите брачни другари отишле кај брачен советник. Тој ги слушнал поплаките на жената, кои главното биле дека нејзиниот сопруг ја запоставува.
– Во брак сме само две години, а тој никогаш не пројавува интерес за мене. Никогаш не покажува нежност. Како веќе да сум му здосадена.
Сопругот само кревал раменици и советникот одлучил да преземе драстични мерки. Тој отишол кај жената и страсно ја бакнал. Таа зачудено се повлекла назад, психологот се свртел кон мажот и му рекол:
– Жена ви има потреба од ова најмалку два пати неделно.
Сопругот одговорил:
– Па, можам да ја водам тука во вторник и четврток.