Мистериозен „Дедо Мраз“ ги изненадил купувачите во Волмарт, Вермонт, САД. Најголем дел од луѓето купувале подароци за Новогодишните празници, а пред касата ги чекал човек кој им дал понуда која не можеле да ја одбијат.
Мистериозниот човек, кој не сакал да си го открие идентитетот им кажал на купувачите дека денес решил на сите да им ги плати работите кои што ги купиле. Џули Ен Гејтс која била една од повеќето купувачи изјавила дека некои луѓе имале сметки и и над 900 долари, но дарежливиот човек немал проблем со тоа.
Кога стигнала на касата тој дури ѝ кажал да се врати и да земе уште подароци. Џули го прашала: „Кој може да си дозволи вакво нешто?“, а тој ѝ одговорил: „Дедо Мраз!“.
Џули успеала да го фотографира човекот кога си заминувал и вели дека ѝ кажал само дека се вика Крис. Жената објавила пост на Фејсбук каде што ја раскажала приказната и се надева дека некој ќе го препознае Крис за да можат купувачите од Волмарт да му се заблагодарат.