Осумдесет годишна старица со јазик од очите вади парчиња олово, железо, јаглен, струганици, стакло. Во селето Црњево во Босна и Херцеговина, болните луѓе доаѓаат кај една старица која веројатно е единствената во светот која лечи на тој начин. Хава Челебиќ, или како што ја викаат „нана Хава“, веќе со десетлетија им помага на болните кои патот ќе ги нанесе на нејзиниот праг, и тоа така што им ги лиже очите. Оваа необична метода ја научила одамна, вели таа.

hv

„Јас ова го научив од една жена која исто така се викаше Хава. За жал, никој нема да ме наследи, на моите деца им се гади да го стават јазикот врз нечие око.“

Осумдесетгодишната старица со јазик вади парчиња олово, железо, јаглен, струганици, стакло и сл. Третманот трае кратко и чини околу 10 евра, но тие кои се невработени или немаат, не мора ни да платат.

Хава добро ќе ја исплакни устата со алкохол, а потоа го лиже окото, односно бара страно тело со помош на јазикот.

Наводно досега излечила преку 5000 луѓе, а доаѓале од разни земји, од Америка до Русија.

„Имаше многу такви на кои современата медицина не можела да им помогне. Доаѓаат кај мене од болница со потечено око, јас им го чистам и ќе извадам трн“ – раскажува Хава.

Сподели на Facebook
пати видено