Во полициската станица Козарац во Босна вчере околу девет часот се јавил Велибор Козомора, пријавувајќи дека од неговата шупа во Козарац кај Приедор му украле околу 200 литри ракија. Кражбата на ракијата се случила во периодот од 28 јули до денот на пријавувањето.

rk

Работејќи на расветлувањето на овој случај на тешка кражба, босанската полиција набргу го нашла сторителот. Имено, ракијата ја украл неговиот роднина, 22-годишниот Немања Козомора од Козарац. Тој на полицијата ѝ го покажал местото ја вратил украдената ракија. За сторената кражба добил пријава.

Сподели на Facebook
пати видено