Четирисетгодишниот Емир Тахировиќ од Босна и Херцеговина, припадник на селафиското движење кој живее со своето семејство во швајцарскиот град Сен Маргетен, ќе мора да мине четири месеци зад решетки бидејќи на своите деца им забранува некои воннаставни активности. По предупредувањето упатено од училиштето, веднаш реагирале и социјалните служби. Имено, се потврдило дека Тахировиќ на својата 14-годишна ќерка ѝ забранил да оди на пливање бидејќи, како што тој смета, на тој начин ќе можат да се видат облините на нејзиното тело. На другата ќерка ѝ забранил да скија, а на синот да учествува на натпревар во пеење.

th

„Властите неуспешно се обидуваа да го натераат Тахировиќ да го промени својот тврд став, па на крај решија да го казнат поради непочитување на кантонскиот закон за основното образование“, наведуваат од полицијата, но Тахировиќ и понатаму останува доследен на својата верзија.

„Помило ми е да одам во затвор отколку да сторам грев“, смета тој и покрај тоа што судот му додели четири месеци затвор. Поднел жалба, со што процесот малку се оддолжил, но не и казната.

„Одлучиле да го казнат со четири месеци затвор, бидејќи е тешко да се поверува дека Тахировиќ, кој живее од социјална помош во месечен износ од 3 800 франци (околу 3500 евра) би можел да плати толку висока казна“, тврдат социјалните работници.

Сепак, се чини дека Тахировиќ не се возбудува премногу поради тоа, истакнувајќи ја својата свесност за бавноста на правната држава и порачувајќи дека од своите верувања нема да отстапи и по цена на неговиот живот.

Сподели на Facebook
пати видено