Хуманитарната организација „Посавина без мини“ од Брчко добила информација дека некои корисници на апликацијата Покемон Го од Босна влегуваат на мински ризични површини за да најдат покемон.

pg

„Се молат сите граѓани да не го прават тоа и да ги почитуваат поставените знаци за минска опасност и да не влегуваат во подрачја кои не им се познати“, објави оваа организација на својата Фејсбук страница.

Играта Покемон Го функционира на тој начин што се вклучува геолокацијата на мобилниот телефон и се прикажува мапа по која играчот се движи, сѐ додека не се појави покемон. Тогаш играта се префрлува во виртуелна реалност – на екранот на мобилниот телефон се гледа реалниот простор во кој се наоѓа играчот, кој се гледа благодарение на камерата на телефонот, и Покемон кој би можел да биде во грмушките, во некоја фонтана, на улица…

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено