Ричард Кедвел е Дон Кихот на 21-виот век. Пензионираниот инженер решил да се „бори со ветерници“ откако добил казна дека возел 55км на час во област каде е дозволено да се вози 50км на час.
„Страшниот“ прекршок се случил во ноември во 2016 година и за тоа 71-годишниот Ричард требал да плати 100 евра. Но, тој бил уверен дека казната е премногу „сурова“ и бил решен да го докаже тоа на сум. Дури и премногу решен.
Тој за овие три години додека се борел да го докаже своето потрошил 33.600 евра, односно најголем дел од наследството кое требал да го остави на своите синови. Тој изјавил дека не се надевал дека работата ќе се „одолжи“ до тој степен. На крајот тој повторно го изгубил случајот.
Ричард вели дека се чувствува виновен што неговото семејство нема да може да ги искористи парите и случајот бил „многу стресен“. Тој вели: „Јас сум уморен од целиот систем што ги управува обичните луѓе. Жалам за количината на пари. Јас едноставно сакав правда.“
Пензионерот вели дека тој дефинитивно не возел повеќе од 50км на час и дека пронашол и експерт за камери, кој сведочел пред судот дека камерите можеби грешат. Но, ниту ова не му помогнало на Ричард за да ја добие својата „правда“.