Болниците се меѓу најнеомилените места во светот, единствена конкуренција можеби им е затворот. Затоа на луѓето им е трилично тешко кога треба да пристојуваат во нив, иако се свесни дека тоа е за нивно добро. Посетите од роднините и пријателите нѐ радуваат, но сепак нешто недостасува, а сопствениците на миленици точно знаат што.

Ништо не расположува како најдобриот пријател на човекот, кучето. За жал тие немаат право на посета во болница. Но, благодарение на Захари Нобл, ова може да стане нешто од минатото.

Сѐ започнало кога Захари Нобл бил дијагностициран со Хочкинов лимфом. За жал, тој имал агресивна форма на болеста и била отпорна на хемотерапија. Поминал многу време во болницата и копнеел да ги види неговите омилени кучиња. И неговиот медицински тим му го остварил овој сон.

Захари уживал во посетата на двете кучиња и се чувствувал значително подобро после нив. „Ја гледавме промената на нивото на стрес, неговата желба да биде доволно добро за да одиме дома и неговата целосна среќа“, вели неговата тетка Дона Џенкинс. Пред да умре, тој создал план за посети од домашните миленици во болницата во која престојувал. И Дона ветика дека ќе работи на случајот.

Сега „Захариевите шепи за исцелување“ е реалност, но тешко е да се замисли колку е вложен напор во оваа иницијатива. Дона тесно соработувала со медицинскиот персонал на болницата „Јуравински“, како и правеле контрола на инфекции и волонтерски услуги, за да ги развијат сите потребни процедури и политики. Тие сакале да бидат сигурни дека сите пациенти ќе бидат заштитени од потенцијални инфекции или бактерии кои таквиот состанок би можел да ги донесе.

Но, безбедноста на пациентот не е единствената работа во фокусот. Захариевите шепи за исцелување ја оценуваат безбедноста на секое животно пред посетата. Важно е да се разбере дали околината ќе биде премногу стресна за нив. Ако постојат ризици за животните, тие нема да бидат земени за да ги видат нивните сопственици.

Благодарение на Захари и Дона, многу луѓе успеале да ги видат своите омилени пријатели и некои од нив тоа го правеле за последен пат. Но, ние сме сигурни дека тоа им помогнало да заборават на нивната изолација, и да најдат малку повеќе поддршка и надеж. Еве уште неколку фотографии од овие срцезатоплувачки состаноци:

Сподели на Facebook
пати видено