Мажот брзо се вратил од работа дома, за да гледа бокс натпревар. Стигнал на време, си направил сендвичи, си извадил пиво од фрижидерот и седнал пред огромниот телевизор со сите салтанати во дневната соба. Но, натпреварот заврши со нокаут уште во 10-тата секунда…
Во тоа време неговата жена, која будно ги следела сите подготовки, поминала крај телевизорот и му рекла:
– Сега разбираш ли како ми е мене?