Еден богат старец сакал да се ожени со една млада девојка. Тој долго време ја убедувал, ѝ ветувал богатство, но девојката постојано се сомнева во неговите сексуални способности. На крај дедото ја прашал:
– Ако ти донесам белешка од доктор дека уште можам, ќе ми станеш ли жена?
– Да!
Следниот ден, стариот донел белешка од доктор на која пишувало „ССМ“.
– Што значи ова ССМ? – прашала девојката.
– А, тоа е кратенка. ССМ значи „Сексуално Способен Маж“.
Ноќта по свадбата, старецот се борел, се мачел, но ништо не можел да направи. Девојката лута го крева телефонот и го повикува докторот дома. По половина час докторот дошол во куќата. Девојката му ја дала белешката и побарала објаснување. Докторот фрлил еден поглед на дијагнозата и рекол:
– Па, да, сè е јасно, тоа е токму она што го напишав на белешката – „ССМ – Способен Само за Мочање“