Доказ дека парите се извор на сите зла во животот!

Кога сте неизмерно богат, можете да правите сѐ што ќе посакате, вклучитлно и да ги купите правата за лекарство од животно значење и да ја зголемите неговата цена за да остварите џиновски профит на сметка на страдањето на други луѓе. Токму тоа го направил Мартин Шкрели.

Овој 32-годишен банкар сега го поседува Дараприм, лекарство коешто е од критично значење за болните од СИДА и рак, и само што објави дека цената за една пилула ќе ја зголеми од 13.50 на 750 долари. Ова би значело дека годишната потрошувачка за типичен корисник на Дараприм ќе достигне до неверојатни 336.000 долари. Aктивисти од групата Sum Of Us известуваат дека Шкрели во однос на промената изјавил: „Мислам дека профитот е многу убава работа.“

l

За илјадниците луѓе на кои ова лекарство им е очајно потребно за да преживеат, неговата гола алчност може да значи директна смртна пресуда. Еве ова е доказ за тоа колку бесчувствителни можат да бидат луѓето кон сопствениот род, а да не зборуваме кон животните.

Sum Of Us истакнуваат дека овој психо-капиталист во областа на здравството не е изолирана појава. „Не се работи само за еден хеџ фонд менаџер. Ова е загрижувачки тренд – корпорациите ги откупуваат старите, евтини патенти и потоа создаваат патентни монополи за да остваруваат висок профит. Недостаточната регулација на цените во САД и во некои други земји значи дека ова технички не е незаконско дејство, но директно значи експлоатација на ранливите.“

Сподели на Facebook
пати видено