Бодибилдер на кого му откажало срцето итно бил однесен во болница на трансплантација на срце – и сега има вештачко срце кое го носи во ранец! На Ендрју Џонс првпат му се слошило во 2012 година откако однеможел да дише за време на трчање. Две години бил ужаснат кога почнал да искашлува крв и добил висока температура. Во болницата докторите дијагностицирале дека 26-годишникот има кардиомиопатија – наследна болест на срцевиот мускул – и наскоро тој станал толку слаб што не можел ни да чекори, стои, па дури ни да се облекува себеси.
Поради тоа што немало органи на располагање, му бил ставен пејсмејкер и вештачко срце, кое тој сега си го носи во ранец на грбот. И покрај тоа што ѝ погледнал на смртта во очи, тој е повторно назад во салата за вежбање и вели дека после вежбањето плаче бидејќи се чувствува „голема благодарност што е жив“.
За срцевиот удар вели дека е нешто што не би му го посакал ни на најлошиот непријател.
„Не можеш да дишеш, не можеш да мислиш, ниту јадеш, ниту спиеш. Животот со болеста ме фрли во депресија и телесни болки. Морав да престанам да работам бидејќи не можев ни да стојам подолго од десет минути. Се плашев да појдам во кујната бидејќи тоа значеше да се симнувам и качувам по скали. Не можев ниту да се облечам без да почнам да се борам за воздух – животот ми се распаѓаше и јас само сакав да ми олесне.“
Кардиомиопатијата не е само едно заболување, туку група нарушувања кои ја погодуваат структурата на срцето и ја намалуваат способноста да пумпа крв низ телото.
Вештачкото срце на Џонс има две цевки кои излегуваат од телото и се поврзуваат со машината која тој ја носи во ранец. Машината испорачува компресиран воздух во срцевите комори што овозможува да се испумпува крв низ телото. Докторите велат дека сѐ додека води сметка за здравствената рутина, нема никакви пречки да продолжи со кревањето тегови.