Маж патува со воз. На една станица во купето му влегува семејство, маж, многу грда жена и две момчиња, едното околу 15 години, другото околу 6.
Патуваат тие, по едно време нашиот човек го прашува мажот:
– Близнаци, А?
– Какви близнаци, бе? Не гледаш ли колкава им е возрасната разлика?
Патуваат околу 1 час и нашиот пак прашува:
– Абе, децава близнаци ти се?
– Не се, човеку! Едниот има 15, а другиот 6 години. Не гледаш сам?
Наскоро стигнуваат на последната станица и семејството се спрема да слезе. Нашиот го фаќа мажот за раката и пак прашува:
– Човек, како може да не се близнаци?
– Абе, ти чукнат ли си? Доста со тоа малоумно прашање? Не ли ги гледаш?
– Ги гледам јас, ама едноставно не можам да поверувам дека си спиел со оваа повеќе од еднаш…

Сподели на Facebook
пати видено