Татко на две деца кој се излекувал од стафилокока отпорна на метицилин, срцев удар и три пати се лекувал од менингитис вели дека е најнесреќниот човек откако неговата жена го оставила за нивниот кум. Оливер Пју веќе доволно страдал од серија сериозни болести – вклучително и тумор поради кој останал парализиран – кога неговата сопруга Грејс започнала да се гледа со неговиот најдобар другар Џо Фелстед.

bl01

26-годишниот од Бакстон, Британија, дознал за нивната афера дури откако ја следел до куќата на неговиот другар, користејќи ја апликацијата „Најди го мојот Ајфон.“ Неколку недели подоцна завршил на интензивна нега откако добил неочекуван срцев удар – кој го припишува на „синдромот на скршено срце“, како што вели тој.

bl02

Пју вели дека сега се смирил со неговиот најдобар другар, но вели дека маките низ кои минал, вклучително и здравствените проблеми, му го промениле животот. Тој вели:

„Без сомнение јас бев најнесреќниот човек на светот, но долгорочно гледано тој всушност ми направи услуга.

Тој и Грејс повеќе не се заедно и сега сме смирени. Тој не може да си прости на себеси, но јас го користам тоа како за еден вид закачки, нарекувајќи го швалер и слично.“

bl03

Маките на Пју започнале во 2012 кога отишол на лекар со болка во колкот – што на крајот излегло дека е рак. По дијагнозата, тој бил подложен на три операции за да се отстрани туморот. Но хирурзите два пати не успеале да го отстранат израстокот и Пју потоа закачил менингитис, кога му се инфицирал `рбетот. Истата година загубил половина од својот палец при несреќен случај и се заразил со специфичен вид на отпорна стафилокока. И згора на сѐ, по три години пропаднал и неговиот брак.

bl04

„Секогаш бевме добри пријатели со Џо, а тој тогаш имаше некакви ментални проблеми и му требаше друштво. Во тоа време јас бев на лекарства и не можев да возам, па така Грејс се понуди да појде на пијалок со него и завршила кај него дома. Оттогаш таа постојано ми велеше дека оди да се види со нејзината сестра, или со пријателките. Но, ќе исчезнеше и не се враќаше дома. Бев загрижен за неа, а не можев да стапам во контакт со неа.“

bl05

Нљ крајот Пју решил да ја употреби апликацијата „Најди го мојот Ајфон“ и видел каде таа одела цело време.

„Дури и тогаш помислив дека излегла и се напила. Кога се врати дома, ја прашав каде била, а таа продолжи да ме лаже. Ѝ кажав дека знам дека била кај Џо. Таа започна да плаче и ми призна што се слуило. Отидов во куќата на Џо и го најдов предозиран. Повикав брза помош и му кажав дека ако планира да продолжи да се гледа со жена ми, да се држи настрана од моите деца. Се смиривме, но требаше да поминат девет месеци за нештата пак да си дојдат на место“, вели Пју.

„Со него сме другари повеќе од дваесет години и ми беше тешко да му држам лутина.“

bl06 bl07

Откако успешно се излекувал од сѐ во јануари, Пју се фокусирал на отворањето на свој бар, кој го отворил на почетокот на овој есец. Нашол и нова партнерка и вели дека повторно е на свои нозе. „Навистина сум среќен што од никакви очекувања за животот, сега имам многу. Кога ми се подобри здравјето, ми се подобри и решителноста. Кога мислиш дека ќе умреш, немаш време многу да му ја мислиш, немаш што да изгубиш.“

bl09

Сподели на Facebook
пати видено