36-годишниот виетнамски бизнисмен, Тран Нгок Фук пред 5 години почнал да нарачува џиновски накит, откако консултант по Фенг Шуи му рекол дека така ќе ја привлече среќата. Затоа, сега бизнисменот постојано носи на себе 13 килограми златни синџири, белегзии и прстени.

Бидејќи вредноста на накитот што го носи на себе е 550.000 долари, тој секогаш е придружуван од најмалку 5 телохранители.

Бизнисменот признава дека носењето толку тежок накит не е лесно, и тој морал да се навикне на него. Исто така тврди дека тоа му помага во бизнисот и навистина му носи среќа и просперитет.

Сподели на Facebook
пати видено