Студентка од Колумбија почувствувала како некој ја зграбил за задникот во пол воз во Сиднеј. Кога се свртела го видела бизнисменот Џон, кој веднаш потоа излегол од возот.
Девојката по име Ени тргнала за да се соочи со него и го бркала низ целата станица.
Во момент кога видеото е снимено човек се доближил до нив за да разјасни за што се работи, по што девојката во солзи ја објаснува ситуацијата. Бизнисменот се правдал дека не бил тој, но дека видел што и се случило и дека тоа бил некој друг маж во возот. Потоа вели дека мора да си оди и ја напушта станицата.
Сепак Ени била сигурна во тоа што го видела и решила да го пријави човекот во полиција. „Јас се возев во возот и тој ме зграби, првин помислив дека е некоја чанта, но потоа се свртев и видов дека е неговата рака. Да не направев ништо ќе продолжеше. Тој избега и никој не ми помогна.“, вели Ени.