На ВИП забава еден богат бизнисмен забележал многу згодна жена, отишол кај неа и ја прашал:
– Извинете, ќе ја поминете ли ноќта со мене за 5 милиони долари?
Жената малку се замислила и се согласила.
– А за 5 долари?
Таа се налутила и му се развикала:
– Што ти е тебе бе, ти за каква ме сметаш мене?
А тој:
– Каква сте веќе дознав. Сега само ја договарам цената.