Бизнисменот е убеден дека, доколку зградата не се сруши, службената верзија конечно ќе биде разоткриена како лага. Педесет и едногодишниот Пол Сало, американски бизнисмен кој во моментот живее во Тајланд, открива дека има намера да зарие авион Боинг 747 во зграда, со цел луѓето да заклучат што всушност се случило на 11 септември 2001 година во Њујорк, дали двата облакодери на Светскиот трговски центар навистина ги срушиле припадници на Ал Каеда или сѐ било режирано како што тврдат теоретичарите на заговор.
„Треба тоа да го решиме еднаш засекогаш. Луѓето мора да ја дознаат вистината што всушност се случило тој ден“, наведува Сало, кој ги замолил заинтересираните да му помогнат да собере отприлика милион и пол долари. Поради тој детал многумина го нарекле измамник, лажго кој мисли да ги собере парите и да исчезне, но Американецот и по неколку дена по објавата инсистира на тоа дека е сериозен.
„Ќе купиме веќе отпишан Боинг 747 или авион сличен на него, ќе го наполниме со гориво, и со брзина од 900 километри на час, со помош на автопило, ќе го зариеме во некоја напуштена зграда, сместена во зона во која нема луѓе. Доколку зградата не се сруши, ако авионот во неа направи само дупка, ќе можеме со голема сигурност да кажеме дека службените објасненија во врска со рушењето на `Близначките` е лага“, вели Сало.
Бизнисменот притоа алудира на теоријата дека авионите не можеле да го срушат Светскиот трговски центар, т.е. дека облакодерите паднале со помош на уште цела низа контролирани експлозии. Да потсетиме дека од 11 септември 2001 година до денес се напишани над стотина страници во кои многумина се обиделе да ги оспорат службените верзии на американските власти, а на иста тема се снимени и неколку филмови. Најголема слава стекна филмот Фаренхајт 9/11 на режисерот Мајкл Мур во кој, меѓу другото, се прикажуваат врските на Американците со Саудијците, односно врските помеѓу семејството на поранешниот претседател Џорџ Буш и семејството на Осама Бин Ладен.
Многу од тие филмови лесно се наоѓаат на Јутјуб, а во нив и прашањата кои и денес ги мачат теоретичарите на завери. На пример, многумина сѐ уште одбиваат да поверуваат во тоа дека приучени пилоти би можеле толку прецизно да ги погодат своите цели, а не им е јасно и нкако им било овозможено да стигнат до нив, без пред тоа да бидат соборени.
Извор: dnevnik.hr
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.