Посветен татко открил дека неговите синови за кои се грижи веќе над 20 години не се негови откако отишол на рутински преглед кај уролог.

55-годишниот бизнисмен, Ричард Мејсон никогаш не се сомневал дека неговите 3 синови не се неговите биолошки деца, додека пред две години не му била дијагностицирана цистична фиброза – наследна болест која ги спречува мажите на природен начин да станат татковци.

Сега поранешната сопруга на Ричард, треба да му плати 250.000 фунти по вонреден правен случај што ѝ дозволил идентитетот на вистинскиот татко да остане тајна. ДНК и други тестови подоцна потврдиле без сомнение дека бизнисменот нема биолошки врски со неговиот најстар, сега 23-годишен син, а неговите 19-годишни близнаци, со што неговиот живот и животот на децата станал пекол.

Се верува дека истиот маж е татко на сите 3 момчиња а време на наизменична четиригодишна афера на неговата 54-годишна сопруга Кејт, која започнала во доцните 1990-ти. Но, таа ја признала прељубата во 2016 година, десет години од разводот, кога Ричард се соочил со неа за татковството на децата.

Не е познато дали поранешниот љубовник на Кејт знае дека има деца од аферата. Правните документи откриваат дека, кога забременила со првото дете, г-ѓа Мејсон прогласила ненадеен интерес за јудаизмот, а исто така инсистирала на сите три деца да им се даде еврејско средно име. Таа, исто така, одбила да ги крсти, иако и самата е католик.

Ричард, од Северен Велс ја замолил неговата поранешна сопруга да го открие идентитетот на нејзиниот љубовник за доброто на децата, но таа не сакала да го стори тоа. Откако започнал судскиот спор, двајца од синовите престанале да контактираат со Ричард.

„Не знам што е реално, а што не е, како да живеам во Матрица. Сѐ што знаев и за се што мислев дека е вистина, не е реално и никогаш не постоело. Ми рекоа дека не сум татко, дека не можам да имам деца, дека мојата лоза нема да продолжи. Сè уште гледам што прават момчињата на Фејсбук и срцето ме болеше кога видов дека најстариот дипломирал, а јас не бев поканет.“, вели Ричард.

Тој редовно и плаќал алиментација на сопругата за децата, а исто така изјавил дека таа често му барала и дополнтелно пари за „подобра грижа на нивните синови“. Ричард исто така ја тужи и за 4-те милиони фунти кои ги земала од него за време на разводот.

Сега тој има нова сопруга, Ема и се надева дека односите со неговите синови повторно ќе се подобрат и дека ќе сфатат дека иако не е нивниот билошки татко, тој се грижел за нив најголемиот дел од нивниот живот.

Сподели на Facebook
пати видено