Тетоважите се уметност и по смртта не мора да се распаднат заедно со телото. Националната Асоцијација за Презервација на Кожната Уметност на своите членови им нуди можност нивните тетоважи да бидат балсамирани и врамени во рамка, и потоа да се подарат како уметнички слики на нивните сакани.
„Кога ја завршив тетоважата на мојот грб во која вложив педесет часови болка, почнав да размислувам за тоа како да се зачуваат тетоважите“, пишува Чарлс Хам, основачот и претседател на ова здружение. „Јас лично го формирав здружението сакајќи да ја зачувам својата тетоважа за моите сакани, бидејќи тетоважата најдобро го изразува тоа што сум јас.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!