Како и со други нешта во животот, луѓето со пеги минуваат многу време посакувајќи да ги немаат тие пеги – а други би сториле се да ги имаат. За разлика од првите, вторите многу лесно можат да си ја исполнат желбата, и тоа преку еден од најбрзо растечките третмани за убавина. Тетовирањето на пеги е сличен процес како и популарното разубавување веѓи преку суптилна пигментација.
Но, за разлика од ова кое само додава привид на облик и волумен, тетовирањето пеги додава нешто сосема ново. Овој полутраен процес привлече многу луѓе да си ги остварат своите замисли, било да се работи за неколку бледи пегички или лице целото со пеги.
Фановите на оваа техника го полнат Инстаграм со нивните слики. Истетовираните пеги траат до две години, полека бледнеејќи со текот на времето.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!