Во 1881 година еден член на советот на Чикаго по име Џејмс Пиви ги опишал питачите на улиците како човечки „улични опструкции“. Тој сакал да се изгласа закон со кој се забранувало било кој човек кој е „болен, осакатен, деформиран или пак да изгледа одбивно или грозно за јавноста“ да може да појавува во јавност.
За злосторството да се биде „грд“ на питачите им било наплаќано од 1 до 50 долари или до околу 1100 долари во денешните долари. Оние кои не можеле да платат биле испраќани во посебни институции наречени „сиромашни куќи“. Првиот „грд закон“ бил применет во Сан Франциско во 1867 година како продолжување на поопштата забрана за просење.
Улиците на Сан Франциско, според историчарите на овој период, биле „места полни со грди скитници и луди питачи.“ Другите градови како Чикаго, Кливленд и Омаха, како и многу помали градови од средниот исток, го следеле примерот. Пенсилванија го усвоила законот во 1890 година.
Овој закон се разликувал од викторијанскиот „закон за сиромашните“ на Англија, кој постоел неколку децении претходно. Овој закон се делел на „достојни“ и „недостојни“, односно имало различни казни за сиромашната класа и различни поблаги казни за повисоката класа. Питачите и сиромашните често биле третирани како криминалци и кога немало причина за тоа и биле затворани без судски процес и на неопределено време. Како резултат на тоа, овие регулативи, наводно, требало да ги „заштитат“ здравите граѓани од непријатност, манипулација и опасност, но главно служеле само за понатамошно маргинализирање и криминализирање на сиромаштијата и попреченоста.
Жените биле најголемите жртви на овој закон бидејќи родовите норми за женска привлечност биле особено строги и поради тоа сиромашните, деформираните или немоќните жени биле многу сурово третирани. Исто така во почетокот на 20тиот век граѓаните на Њујорк барале „закон за грдите“ за имигрантите, кои сликале и продавале на улиците, бидејќи сметале дека тие се професионална и лукава класа на питачи. Истото се случило и со Афроамериканците.
До средината на 20 век поголем дел од „законите за грдите“ биле остранети, но тие никогаш не престанале да постојат, во „поблаги“ верзии и тие биле заменети со серија нови закони со цел да се криминализира сиромаштијата и бездомништвото, како што била забраната за бездомници да лежат и седат на јавни места, или законот кој им забранувал на луѓето да споделуваат храна со бездомници.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!