Руски тајкун кој поседува куќи во Брајтон и Шкотска бара од неговата жена со која повеќе не живее да му врати антиквитети и скулптури во вредност од 930 500 евра. 39-годишниот Сергеј Федотов е вплеткан во огорчен развод од Кира, која ја обвинува дека му зела дела од Салвадор Дали, средновековни оклопи и стар мебел без никаква дозвола. Тој тврди дека таа најмила работници дел од тие антиквитети да пренесат кај неа во Швајцарија и дека тие кои не сакала да ги задржи ги задржала на аукција.

gv02

Помеѓу нештата кои исчезнале има три бронзени скулптури од Салвадор Дали, секоја вредна над 100 000 евра; бронзена статуа од Лоренцо Квин вредна 36 000 евра и слики од Дејвид Лашапел вредни 116 000 евра.

Г-ѓа Федотова исто така е обвинета дека зела стар и вреден мебел чијашто вредност надминува 30 000 евра како и дневник за неговата колекција на Ролс-Ројс и Бентли автомобили. Со неа тој е во брак од 2013 година. Федотова ги демантира неговите тврдења и планира да оди на суд поради тоа.

gv01

Една од неговите куќи во Британија е Касл Грант во Мореј, палата од 16-тиот век која ја купил за 1 милион фунти. Руската полиција минатата година покрена истрага против Федотов поради сомневања во врска со тоа од каде му се средствата за купување на замокот и другите имоти во Брајтон. Федотов е бизнисмен и поранешен директор на Руското здружение на писатели, невладина организација основана во 1993 година која ги наплаќа авторските права во име на писателите. Во јуни бил уапсен во Москва и обвинет за измама од 10 милиони евра, со обвинение дека парите од авторските права ги користел за тргување со недвижнини.

Сподели на Facebook
пати видено