Нонг Нат е поранешна порно актерка која тврди дека со помош на молитви и медитација го запознала 39 години постариот милионер, кој за брак со неа ја дарувал со доста обемен месечен џепарлак. Оваа 31-годишна Тајланѓанка се појавила во бројни порно филмови во азиска продукција, но проблемот настанал кога ја препознале во еден филм. Тогаш ја уапсиле, бидејќи порно индустријата на Тајланд е забранета.
Како што раскажува, таа случка била пресудна за промената во нејзиниот живот. Некогаш била христијанка, но се свртела кон будизмот, а за споменатиот милионер, архитектот Харолд Џенингс Несланд Помладиот се омажила пред три години.
„Правам повеќе добри дела, а религијата ја сфаќам сериозно. Скоро секој ден одам во храм, се молам и медитирам“, изјавила Нонг.
За сопругот прави сѐ, па така на Инстаграм споделила фотографија на која се гледа како му помага да облече чорапи.
„Колку и да подигне од сметката, половина од парите ми дава мене. Молитвата и медитацијата навистина донесуваат добар сопруг“, заклучува бившата порно дива.