Не смеам да кажам сѐ, за да се заштитам себеси. Кога би ви одговорил на прашањето дали ја открив тајната на човечкиот мозок, не би живеел долго, само уште неколку дена. Би ме убиле. Никој не ја знае другата страна. Тоа нема да го кажам. Со светот владее комитет од триста луѓе.

Пред четириесет години забележал дека има некаква способност за владеење со енергијата, со биоенергијата. Веќе со наполнети триесет години станал исцелител и најчесто на многумина бил последната надеж. Не бара пари, но ги добива. Му даваат толку колку то можат. Зденко Доманчиќ. Денес има шеесет и седум години, силен е и здрав, живее во Блед, Словенија. Им помага на луѓето, води своја школа и учи млади биоенергетичари. Роден е на малиот остров Угљан, спроти Задар. Патувал низ Европа, бил рибар на Јадранот, работел како алатничар. Висок, силен и цвст. До сега кај него биле милион и пол пациенти. Ги посетува и соседните земји, го сакаат во Русија, пишува книги, снима филмови…за биоенергијата. Луѓето имаат доверба во него, науката помалку. Словенија му ги овозможува сите услови за работа, а во Хрватска во 1984 година судски му забраниле да лекува со биоенергија. Отишол во Словенија и сега работи. Почнал во славната Еспланада…денес таму се сретнавме. Пациентите го сметаат за видовит, пророк и волшебник.

zd

– Проф. д-р Радован Старц од Љубљана напиша: „Резултатите на Доманчиќ се несоборливи, но тешко е да се разбере како тој го успева тоа.“ НАСА во Америка, „Бен Гурион“ во Израел и други врвни научни институти го разбираат и го признаваат. Кога дојдов во Словенија, ми ги отворија сите научни институции, „Јожеф Штефан“, Онколошкиот институт, Електротехничкиот институт…ги добив сите потребни документи. Гледам, ме фотографирате…

Тоа е дел од опремата за интервју. Сакаме луѓето да видат како изгледате.

– Одлично сум. Здрав, оженет. Го имам синот Стипе. Имам свој метод. Исцелувам.

Медицината и технологијата многу напреднаа. Вие не употребувате технологија?

– Медицината денес е зависна од фармаколошката индустрија. Лекови, лекови..Луѓето се стимулираат да земаат определени препарати. Постоењето на медицинските установи е зависно од болеста. Во интерес на медицината не е здравјето, туку – болеста.

Како работите?

– Базата ми е во Блед. Секои четири дена се менуваат групи.

На пациенти?

– Да, на пациенти. Во секоја група има најмалку сто и десет луѓе. Тие биле кај својот доктор, но не дошло до подобрување на здравјето. Да дошло, не би ме барале мене. Јас не се занимавам со алтернативна медицина, туку со – комплементарна медицина. Продолжувам таму каде што застанала медицината.

И дали сте во состојба да им помогнете?

– Секако! Во 1986 година во Загреб се направени научни проверки на мојата работа. Го избрав она што е најтешко во медицината: дијабетска гангрена, влажна и сува. Медицината тука има четириесет и осум часа да го спаси пациентот со отсекување на ногата. Инаку, умира од сепса. Ценетите професори и доктори кажале за мене: овој човек е – луд. А еден од нив вели: Нема проблем и ако е луд – а што ако не е луд? Нема да ви ги кажам имињата на тие лекари, заради нив самите. Се испокараа еден со друг поради тоа – кој воопшто дозволил научна проверка на работата на Доманчиќ!

Не ги почитувате лекарите?

– Ма, секако дека ги почитувам, сакам и разбирам. Вредни се. Но…
Вие не сте лекар?

– Не сум. Ги исцелувам луѓето.

Вие сте врач?

– Не сум. Туку, биоенергетичар. Имам голем број на сведоци, излечени.

Колку?

– Не сакам ни да ви кажам. А никогаш ниту на еден од тие пациенти не сум му побарал да ми плати. Тоа е моето начело. Ми плаќаат, јасно, но толку колку што можат или колку што сакаат. Оставаат затворен плик на масата…и си заминуваат среќни. Немам проблеми со даночната агенција, бидејќи во Словенија тоа ми е дозволено. Жена со болно дете кое многу слабо гледаше, па сега добро гледа, а сиромашна, во пликото ми остави дваесет евра. Човекот прд неа остави петстотини евра…исто така оздравен. Тоа се, да кажеме, донации. За мојата работа.

Има ли последици онаа пресуда во Задар, од 1984 година? Забраната да работите…

– Немаше никаков учинок. Продолжив да работам.

Можете ли да ја продадете вашата метода?

– Можам, но зошто? Методата е заштитена. Zdenko Domančić®. Размислувам тоа да го оставам на оние коишто имаат разум, коишто не се против здравјето.

Доаѓате ли често во Загреб?

– Долго, долго не сум бил. Дојдов поради вас. Живеам во Истра. Тоа веќе долго е мојот дом. Во Бадерна, крај Пореч. Крај мојата куќа пасат срни. Истра е преубава. Јас сум Далматинец, но ја љубам Истра.

Здрави сте?

– Сум. Наскоро ќе наполнам шеесет и седум.

Имате некоја посебна моќ? Чудо?

– Не постојат чуда. Постои фантастичен поредок во природата за кој науката не знае многу. Чудо е она што – не го знаеме. Неуките луѓе мислат дека е чудо, но не е. Гледајте, верата во Бога е право на секој од нас. За човек да верува, не му е потребна дозвола. Верата во Бог е едно, институцијата друго. Не да верувам во Бог, јас знам дека тој постои. Јас верувам во Создателот.

Но, не одите в црква.

– Не одам, ниту имам намера. Нема што да научам таму. Јас никогаш не сум кажал дека сум „избран“, тоа би било безобразно. Мојата задача е мојата метода еден ден да стане основа на здравјето, ги учам луѓето во светот да си помагаат меѓу себе. Во крајните ситуации треба да се појде во определени клиники, бидејќи јас не можам да ја заменам хирургијата, на пример. Против медицината немам ништо. Не нудам нова вера, моите резултати се мојата моќ. Затоа ми доаѓа толку народ. Во Полска ме прашаа се молам ли на Бог. Кажав: Да, се молам на Бог, секој ден по осум часа. Толку време дневно работам со пациентите.

Интервенирате и на далечина? Пациентите не мора да се крај вас?

– Во квантната физика нема далечина. Мојот пациент може да биде во Токио, јас на Блед. Сведок за тоа е најдобриот ракометар во светот, Ивано Балиќ, после среброто во Норвешка. Дојдоа тогаш кај мене во Крањска Гора неговата мајка и неговиот татко, и двајцата бивши ракометари, и ме замолија да му помогнам. Терапијата на Балиќ траеше само еден час. Му праќав енергија, а тој ја почувствува. Неодамна, исто така од далечина, му помагам на еден врвен интелектуалец. На мене ми е потполно сеедно дали пациентот е на Сибир или крај мене. Го постигнувам сосема истиот резултат. Ги подготвував и ватерполистите, нашите златни момци. Има бела и црна наука. Имам искуство, го слушам „говорот на телото“. На пример, секоја жена која има студени нозе, студени стапала, има проблеми со органите за размножување, меурот. Ако човек има потечени очи, стаклести, прашајте го: Дали повремено ви затреперува срцето? Ќе каже – да. Кога штитната жлезда ќе излачи малку повеќе хормони, тогаш срцето затреперува. Тоа е хипертиреоза на штитната жлезда, очите се стаклести. Енергијата која ја пренесувам е несопирлива, не ѝ пречат ниту далечината, ниту дебелите ѕидови. Човекот кому ја давам се витка, трепери, го чувствува доаѓањето на силата.

Сите луѓе имаат биоенергија?

– Да, штом ќе се родат имаат своја енергија. Но, со неуредниот начин на живот, стресот, преоптоварувањето на сопственото тело и ум, со несреќите, погрешната исхрана, човековиот имунитет може да ослабне.

Дали сте уморни по осумчасовното пренесување на енергија?

– Како и секој кој интензивно работи осум часа. Ништо повеќе.

Зошто некои луѓе имаат проблеми на полна месечина?

– Нашиот мозок плива во течност, да кажеме како кајче. За време на полна месечина, лунарната енергија го крева нивото на течноста околу нашиот мозок. Нешто како плима. Се случува „плима“ во главата. Тоа е причината.

Што работевте како дете во Угљан, во Задар?

– Млад си заминав од Југославија. За време на летото си доаѓав дома. Патував низ Европа, живеев во Белгија, Германија, Шпанија. Не се занимавав со исцелителство, не се случува тоа наеднаш. Таков сум, кој не сака да верува, туку да знае. Кога денес велам дека не верувам во Бог, но знам за суштествувањето на Бог, тоа е вистина. Добив едно задолжение и го извршувам. Би ме растргнале ако за својата моќ барав пари. Мој пациент беше сопственикот на хотелот Бурџ ал Араб, Абу Рашид. Ни од него не побарав пари. Добив, но не побарав. На мене ми е дадено да доделувам, не да продавам.

Кој ја прави дијагнозата на пациентот кој го исцелувате?

– Не сакам да ја гледам медицинската документација. Повеќе си верувам себеси.

Како работите? Со положување на рацете?

– Неее. Човекот стои, јас му доаѓам од зад грб и ја пружам раката кон основата на неговиот `рбет. Ако почне да мафта со рацете и падне, значи има проблем со недостаток на животната основа. Пациентот го чувствува мојот енергетски удар. Заздравува.

Вие сте „ѕвезда“?

– Не сум јас поп ѕвезда. Само – исцелувам.

Не сте пророк, не сте ѕвезда…

– Јас сум бесмртен, јас тоа го знам. И вие сте, но не го знаете тоа. Знаат оние коишти манипулираат со светот. Зошто не го кажат тоа?

Можете ли да се лекувате себеси?

– Не. Можам да спречам да се разболам. Однапред. „Човече, пази на тоа што мислиш, бидејќи тоа што го мислиш, тоа и го правиш. Тоа што го правиш ги создава твоите навики, навиките го формираат твојот карактер, карактерот ти е – судбина.“ Тоа го пишува во Талмудот.

Дали некогаш во годината ќе испиете по некој аспирин?

– Зошто да не? Аспиринот е најбезопасен.

Го лечите телото или духот на човекот?

– Сите имаме и дух и душа. Тоа се две различни енергии. Духот е интелектот, разумот. Душата е чувството, емоцијата. Се потпирам на разумот, на прагмата. Идеално е едното да се комбинира со другото.

Задоволни сте?

– Задоволен? Среќен сум. Среќен сум кога знам дека сум оздравел човек, особено кога ќе спасам недолжно дете. Возрасните можат свесно да прават зло, малите деца не го можат тоа.

Дали кај вашите пациенти дејствува автосугестијата, плацебо?

– Не. Дејствувам јас. Со енергија.

Дали сте го сфатиле, разоткриле човечкиот мозок?

– Ха-ха-ха! Не смеам тоа да го кажам, за да се заштитам себеси. Кога би ви одговорил на тоа прашање, не би живеел долго, само уште неколку дни. Би ме убиле. Никој не ја знае другата страна. Тоа нема да го кажам.

Велите, бесмртни сте…

– И бесмртниот можеш да се обидеш да го убиеш.

Кој владее со светот?

– Комитет од триста луѓе. Еден од нив живее во Хрватска.

Извор: jutarnji.hr

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено