Џојс Дод, 97 и Френк Дод 96 починале заедно откако медицинскиот персонал од болницата каде што престојувале решил да ги стави во иста соба, за да можат да уживаат во последните моменти заедно. Тие починале во болничките кревети, додека се држеле за раце.
Ќерката на Џојс и Френк, 75-годишната Ангела Бонел вели: “Персоналот беше одличен. Мајка ми беше на горниот а татко ми на долниот кат и не прашаа дали сакаме да ги соединат нивните кревети. Потоа го однесоа татко ми на горниот кат и тие се држеа за раце.” Џојс и Френк биле сместени во Дарент Вали болницата во Дартфорт, Кент.
Тие биле заедно уште од тинејџерските години и било во брак скоро осум децении. Имале 5 деца, 12 внуци, 10 пра-внуци и 2 пра-пра- внуци. Френк имал проблеми со срцето и прв завршил во болницата, додека неговата сопруга го посетувала секој ден, но по скоро време и таа се разболела.
Починале на 8ми април, само неколку дена по нивната годишнина од брак. Се запознале на кога имале само 14 години, Џојс работела како келнерка а Френк како работник на локалното градилиште.
Нивната ќерка Ангела вели дека нејзиниот татко дури и по пензионирањето не се откажал од градинарството, а нејзината мајка никогаш не пречекала гости без да приготви некоја од нејзините торти.