Бодибилдер кој „се смеел како никогаш во животот“ откако снимил постара жена како вежба добил доживотна забрана за пристап во теретаната која ја посетувал. Јавноста на Бризбејн, Австралија, е гневна на билдерот Конор Тисдел откако објавил видео со други посетители на истата теретана. Во објава на Инстаграм од среда, овој зависник од вежбање изјавил дека се смеел „како никогаш во животот“ кога видел како вежба една постара жена, инсинуирајќи дека таму не ѝ е местото.

bb01 bb02

Но, токму Тисдел ќе биде тој кој ќе мора да најде ново место, бидејќи клубот „ГО Хелт Клабс“ му го прекинал членството доживотно. Покрај тоа, била отпуштена и една вработена во клубот која на објавата оставила коментари во кои се придружил на исмевањето. Од клубот велат дека тие ја поддржуваат снимената жена во нејзините напори да се подобри себеси.

bb03 bb04

Повеќе членови на клубот, како и други луѓе, коментираат дека се згрозени од постапката на Тисдел. Некои велат дека наместо да ѝ се смее и да ја снима, требало да биде доволно љубезен да појде и да ѝ помогне, покажувајќи ѝ на жената како правилно се вежба. Тисдел е познат по тоа што често објавувал свои фотографии, во кои го покажува своето тело.

bb05 bb06

Сподели на Facebook
пати видено