Германец бил толку пијан кога ѝ ја побарал раката на својата девојка што не може да се сети дали таа се согласила да се омажи со него – а таа упорно одбива да му каже што му кажала. Откако не успеал да извлече ништо од неа, човекот во очај решил да се обрати до непознати луѓе.
Имено, тој се надева дека некој минувач во времето кога тој ја барал нејзината рака би можел да му каже што одговориа девојката. Објавил оглас во германски весник, замолувајќи го секој кој бил присутен во тој момент да стапи во контакт со него.
„Во потрага по сведок. Ја запросив мојата девојка во 4:30 наутро на 24 септември на улицата Фридрих-Еберт. Поради прекумерна употреба на алкохол, не можам да се сетам на нејзиниот одговор, а таа молчи. Кој го видел запросувањето и би можел да ми даде релевантна информација.“
Така е тоа, сепак не треба да се претерува со пиењето.