Голем дел од луѓето во светот не можат ниту да замислат да ги заработат овие пари за цел живот, а камоли за еден ден. За богатите дневната заработка е „ситна“. Погледнете со какви вртоглави цифри се „справуваат“ овие луѓе на дневна база.

Бил Гејтс: 9,3 милиони долари дневно

Гејтс минатата година вкупно заработил 3,4 милијарди долари.

КАКО ГИ ТРОШИ: Ужива во одмори на Исланд и подолги семејни одмори на неговите јахти по Медитеранот. Тоја изјавил: „Парите немаат значење за мене од одредена точка.“

ЏК Роулинг: 260.732 долари дневно

Авторката на „Хари Потер“ заработука од филмови, книги, рекламни проекти како и од нови дела. Таа заработила околу 95 милиони долари во текот на оваа година.

КАКО ГИ ТРОШИ: Таа живее во Единбург со сопругот и децата и наводно ја купила куќата од соседите за 1 милион долари за да си ја прошири градината. Исто така ја продала семејната јахта и си купила куќа во Австралија.

Адел: 189.329 долари дневно

29-годишната пејачка до сега заработила околу 69 милиони долари.
КАКО ГИ ТРОШИ: Адел поседува две куќи во Кенгсингтон и уште две во Хов. Исто така има куќа во ЛА.

Дејвид Бекам: 178.509 долари дневно

Поранешниот фудбалер минатата година заработил 65 милиони долари. Тој има плата од 16 милиони долари само од правата за користење на неговите фотографии.

КАКО ГИ ТРОШИ: Неодамна купил куќа од 7,8 милиони долари.

Сер Елтон Џон: 164.841 долари дневно

Неговата заработка минатата година изнесувала околу 60 милиони долари. Тој најмногу заработува од настапите во живо, а моментално пишува и автобиографија.

КАКО ГИ ТРОШИ: Елтон и неговиот сопруг Дејвид имаат два сина и две куќи во Лондон, Виндсор, ЛА, Атланта и Ница.

Кралицата Елизабета: 154.348 долари дневно

Минатата година кралицата добила од државата неверојатни 56,3 милиони долари.

КАКО ГИ ТРОШИ: Празниците во Балморал и Сандрингем не додаваат многу на нејзините годишни трошоци, но грижата за многуте распаѓачки кралски палати е главен финансиски проблем. Таа е обожавател на чадори Фултон, Anello & Davide чевли и Barbour јакни.

Луис Хамилтон: 126.218 долари дневно

Светскиот шампион во Формула 1 минатата година имал приходи кои изнесувале 46 милиони долари. Поради тоа што е граѓанин на Монако давачките за даноците не се големи.

КАКО ГИ ТРОШИ: Тој е многу зафатен со тренинзи од март до ноември. Скоро купил Ферари од 1,4 милиони долари.

Ед Шеран: 101.335 долари дневно

Иако изгледа како многу скромна личност пејачот минатата година имал заработка која изнесувала 36,9 милиони долари.

КАКО ГИ ТРОШИ: Минатата година на хуманитарна аукција купил статуа на која што бил прикажан самиот тој како свиња, насловена како „Ед Шеран шунка“ за цели 8.160 долари.

Принцот Вилијам: 6.996 долари дневно

Принцот има годишен приход од 2,55 милиони долари. Тој зема плата од 57.817 долари за неговата работа како пилот на хеликоптер, 393,885 долари од неговата мајка и 4,2 милиони кои ги дава неговиот татко на него и брат му.

КАКО ГИ ТРОШИ: Па, комплетот за поло не е евтин. Исто така тој е обожавател на Gieves & Hawkes и на Ray-Ban очилата.

Сподели на Facebook
пати видено