Биг Френк Александар, телохранителот на Тупак Шакур, бил десната рака на познатиот рапер, и не само што бил присутен кобната ноќ кога тој бил застрелан, туку и видел како се случило тоа. Во интервју во кое се обидува да исчисти секаква негова вина за смртта на раперската икона, Френк открива кој стоел зад убиството.

Затворско обезбедување

tp01

Пред да стане телохранител на Тупак, Александар поминал една година во морнарица, а тренирал и како бодибилдер од светска класа. Работел во затворско обезбедување кога му била понудена можноста да обезбедува за Death Row Records, музичката куќа на Пак.

Лудо возење

tp02

Шакур побарал „Гоеемиот Френк“ да биде негов личен телохранител откако Александар го спасил Снуп Дог во Њујорк. Двајцата многу се забавувале заедно. Тупак возел како манијак во обид да му избега на своето обезбедување, но Френк вообичаено успевал да го стигне.

Целодневно пушење

tp03

Тупак го викале „Трева“ бидејќи по цел ден пушел марихуана. Со самото будење ќе си завиткал џоинт и така го почнувал денот. Френк раскажува дека Тупак најмногу сакал пари, трева и дури потоа жени.

Тајсон откачува

tp04

Мајк Тајсон многу се дружел со Тупак. Двајцата се спријателиле поради нивната бунтовна природа. Во една прилика Тупак го качил Тајсон на бина за време на изведба и поранешниот шампион во тешка категорија полудел врескајќи по раперот како некоја тинејџерка.

Стотици жени

tp05

Не е никакво изненадување што Тупак бил со многу жени. Големиот Френк вели дека сигурно поминале стотици жени додека тој го чувал, вклучувајќи и познати имиња како Мадона, ќерката на О.Џ. Симпсон и Фејт Еванс, жената на Ноториус Биг.

Борба за време на борба

tp06

Ноќта кога се случило пукањето биле на една од борбите на Мајк Тајсон. На борбата присуствувал и Орландо Андерсон, гангстер од бандата Крипс. Кога Тупак го видел, отрчал кај него и го нокаутирал со неколку удари.

Кој те застрела?

tp07

Биг Френк вели дека тепачката помеѓу Тупак и Андерсон е тоа што довело до убиството на раперот подоцна таа ноќ. Телохранителот верува дека Андерсон и Крипс сакале да му се одмаздат на Тупак.

Клубот на Шуг

tp08

По тепачката, Тупак и неговото друштво се упатиле во клуб во сопственост на директорот на Дет Роу Рекордс, Шуг Најт. Целиот простор околу клубот бил исполнет со автомобили полни со рапери, пријатели и девојки. Тупак од Френк побарал да се вози во друга кола, па така телохранителот не бил во автомобилот на Тупак кога се случило пукањето.

Пукање од автомобил

tp09

Возејќи зад Шакур, Френк видел како се доближува бел кадилак и од еден од прозорците бил вперен црн пиштол кон БМВ-то на Тупак, по што биле истрелани 13-15 куршуми, по што кадилакот веднаш се оддалечил.

Мистериозни околности

tp10

Како што е познато, еден од истрелите бил смртоносен за Тупак. Многумина го обвинувале Френк Александар за смртта на раперто, па дури и му се заканувале од Дет Роу. Поранешниот телохранител умрел во 2013 година во, како што многумина веруваат, мистериозни околности.

Сподели на Facebook
пати видено