Бидете спокојни и не живејте во страв! Движете се повеќе и работете. Мрзата е болест која што ќе ве оштети физички и морално. Загадувањето – физичко или духовно, е во спротивност со она што е создадено од Бога.
Вие сами ja загадувате земјата и храната со токсини. Потоа доаѓате и се жалите за тоа колку луѓе се болни од рак и колку нови болести се појавиле …
Вразумeте се побрзо, во спротивно ќе страдате.
Лековите ги затвораат вратите низ кои можат да влезат билките и да го излечат болниот организам. За секоја болка има билка.
Повеќето болести доаѓаат од настинка. Затоа не седете на ладно и не пијте ладна вода.
Не бидете нервозни и не живејте во страв! Ако треба, посетете психијатар, одете на лековити бањи, смирете се. Со страв не се живее!
Често пијте чај од шумско овошје или растенија – тие се чисти и се извор на здравје. Минимум еднаш неделно јадете варено жито. Пијте многу вода, за да го прочистите организмот и да добиете сила.
Зошто пушите?
Зошто пушите? Ако е правилно, и мажите и жените ќе имаат оџаци на главите. Оставете го тутунот, живејте долго и без болести.
Не плашете се од болестите. Имајте вера.
Постојат два вида на болести. Едните ги лекуваат лекарите, другите – баби. Најважно за лекувањето е да ја знаеш дијагнозата.
Земјата е наша заедничка мајка, сметајте ја за жив човек.
Заштитете ја Земјата, таа ни дава храна. Пазете ја, додека не се уморила од нашите активности … И тогаш ќе не казни. Вразумете се навреме, во спротивно ќе страдате долго.