Наоѓајќи се во светски познатиот музички конзерваториум „Пибоди“ во Балтимор, Мериленд, библиотеката „Џорџ Пибоди“ истражувачка библиотека на Универзитетот Џонс Хопкинс. Порано позната како Библиотека на институтот Пибоди, таа е една од најубавите библиотеки во САД и во светот, сместена во впечатлива зграда. Библиотеката првично била дел од првиот музички конзерваториум на Америка создадена од Џорџ Пибоди.

pb01

Основана во 1857 година од страна на Џорџ Пибоди, филантроп од Масачусетс кој подарил 300 000 долари како почетна сума за институтот Пибоди, библиотеката е историска институција на градот Балтимор. Првично се планирало да биде отворена во 1860 година, но поради Американската граѓанска војна, основањето и изградбата била одложена до 1866 година.

pb03

Отворена во 1878 година, библиотеката била дизајнирана од балтиморскиот архитект Едмунд Г. Линд, во соработка со првиот ректор д-р Натаниел Х. Морисон, и била опишана како „катедрала на книгите“. Огромната збирка од 300 000 книги содржи дела од областа на религијата, британската уметност, архитектура, топографија и историја; од американската историја, биографија и литература; романски јазици и литература; историја на науката; и географија, истражување и патување.

pb04 pb05

Внатрешноста на библиотеката е една од највпечатливите во целиот свет. Монументалниот неогрчки ентериер се одликува со атриум кој од подот од црн и бел мермер се извишува кон стаклениот покрив опкружен со украсно ковано железо и столбови опточени со злато меѓу кои се сместени илјадниците книги.

pb06

Во периодот јули 2002 – мај 2004, оваа историска библиотека била подложена на реставрација која чинела 1 милион долари. Во согласност со првичните барања и услови на Пибоди, библиотеката „Џорџ Пибоди“ е отворена за пошироката јавност. Покрај богатството од знаење кое го содржи, таа е и една од најпопуларните локации за свадби, настани и филмови.

pb09

Сподели на Facebook
пати видено