Што јаделе древните луѓе? Благодарение на неколку клучни археолошки наоди, научниците денес можат да одговарат на тоа прашање. Всушност, некои видови храна од минатото можат да се јадат и денес… ако се осмелите .

Пиво од 19. век

hr01

Во 2010 година научниците нашле пиво во потопен брод кој потонал во 1842г. Товарот останал недопрен сѐ до пронаоѓањето на бродот. Успеале да извлечат 145 шишиња шампањ и пет шишиња пиво од бродот откриен во близина на брегот на Финска.

Една финска пивара со помошта на Групата за истражување на технологијата на производство на пиво го открила оригиналниот рецепт за пронајденото пиво, за што им требало една година истражување. Пивото ќе се продава под марката Stallhagen Historic Beer 1842. Заработката ќе се донира за научни истражувања.

Кралски мед

hr02

Не е реткост да се открие мед од древните времиња. Откриени се повеќе грниња со оваа златна течност во египетските гробници. И покрај тоа што медот е стар илјадници години, тој сѐ уште може да се јаде. Најстариот мед е стар 5000 години, речиси 2000 години постар од медот на Тутанкамон. Тој е откриен во Грузија и го има во најразлични вкусови – боров мед, ливадски мед, липов мед – пронајдени се воповеќе мали садови во гробница на благородник. Ова наоѓалиште било откриено во 2003 година за време на реконструкција на гасовод.

Кинеска супа

hr03

Повеќето течности не траат многу долго. Тоа е основната причина поради која научниците беа шокирани кога откриле древна супа, толку добро херметички затворена во бронзено грне што останала недопрена. Супата добила сино зелена боја од оксидацијата, но тоа е сосема очекувано после 2400 години.

Ирски путер

hr04

Пред 3000 години немале фрижидери, но сепак имале путер. Во тоа време во Ирска имало само едно совршено место за чување на поголеми количества путер: во блатото. Постојаната студена температура и неверојатните презервативни својства на калта биле добредојдени. Научниците во 2009 извлекле големо буре со путер стар илјадници години, сѐ уште полно до врвот.

Потерот со текот на времето станал бел и восочест, но не изгледал премногу лошо. Но никој немал можност да го проба, бидејќи Националниот музеј на Ирска го прогласил путерот за национално богатство на Ирска.

Вино на боговите

hr05

Кога еден Римјанин умрел, умрел со стил. Една древна гробница била исполнета со шишиња вино. Сите шишиња биле празни, освен едно, бидејќи течноста во нив со текот на времето испарила. Шишето кое сепак останало полно и недопрено во него чува вино старо 1600 години.

Првите тестенини

hr06

Дебатата за тоа во која земја биле откриени тестенините можеби е завршена. Научниците откриле тестенини крај брегот на Жолта река. Стари се 4000 години и до сега најстарите кои се најдени.

Храна од Ур

hr07

Научниците нашле дрвена кутија која содржи древна храна од Ур врз една витрина во Бристолскиот универзитет. Претходно кутијата била означена како наод од кралска гробница од Ур, кој некогаш бил дел од Месопотамија, а денес се наоѓа во Ирак. Кутијата била откриена во дваесеттите години на минатиот век и е стара 4500 години.

Најстарото сирење

hr08

Сирењето треба да остари за да биде сирење, но 3600 години – што е многу, многу е. Ова сирење доведено до состојба на жолти трошки било откриено во Кина, врз вратот и градите на мумии кои биле закопани во волска кожа што помогнало да се зачува сирењето. При проучувањето на ова сирење, научниците откриле дека бил употребуван процес на ферментација сличен на денешниот.

Италијанска храна

hr09

Кога научниците откриле остатоци од еден брод стари 2000 години, се покажале како ризница полна со стара храна. На коработ имало 200 грнци со вино, масло, жито и риба – сите намирници потребни за добра италијанска храна.

Американска чоколада

hr10

 

Најстарата чоколада не била откриена во некоја египетска гробница туку во американската држава Јута и е стара околу 1300 години. Научниците ги откриле остатоците од чоколадо во 13 стари грниња близу кањонот Чако. Садовите можеби се доказ дека домородците во Јута тргувале со Маите, но други сметаат дека е доказ за миграција на Маите. Како и да е, најстарата чоколада е доказ дека дури и старите народи си биле по слаткото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено