Еден човек во југозападна Кина е уапсен затоа што ја продал својата ќерка на интернет за 7.000 евра, за да ги плати своите коцкарски долгови. Човекот, идентификуван со неговото презиме Џијанг, го продал детето на двојка откако се нашол во долг од 7.000 евра, затоа што се коцкал на интернет.
Невработениот маж во Гуијанг, провинцијата Гуичо, ја однел својата едногодишна ќерка од дома и ѝ рекол на својата жена дека девојчето ќе остане некое време кај неговата мајка, која живее 140 км од нивниот град.
Неговата сопруга почнала да се сомнева откако не успеала да ја контактира нивната ќерка 3 месеци и Џијанг секогаш смислувал нови изговори кога ќе го врати девојчето. Еден ден таа не можела веќе да издржи и му го земала телефонот каде што пронашла разговори со купувачите на нејзината ќерка. Жената веднаш го пријавила случајот во полиција.
Таа исто така се сретнала со мајката на нејзиниот сопруг која ѝ кажала дека девојчето веќе со недели не е кај неа. Сопругот во полицијата признал дека го продал детето и ја признал и причината. Џијанг пронашол интернет страна за посвојување и му кажал на парот кој ја посвоил неговата ќерка дека нема средства за да се грижи за неа и дека неговата сопруга го напуштила, како и дека неговите родители починале.
Тој детето го однел 1.850 километри од нивниот град и го предал на купувачите. За среќа детето е пронајдено и повторно е во рацете на својата мајка. Таткото е уапсен под сомнение за трговија со луѓе и истрагата пторив него допрва ќе биде спроведена.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!