Случајната средба помеѓу студент во филипинскиот град Мандауе и младо момче бездомник коешто вредно си ја работело домашната задача на светлото на Мекдоналдс предизвика вирален бран на интернет кој се надеваме дека засекогаш ќе ја смени иднината на детето.

Третоодделенецот Даниел Кабрера и неговата мајка Кристина Еспиноза биле оставени од нивниот татко и сопруг кој умрел в затвор и живеат под штанд за храна без ѕидови бидејќи на сите проблеми, им изгорела и куќата. И покрај сите тешкотии, деветгодишниот Даниел секоја ноќ си ја работи домашната задача на импровизирана масичка, цело време употребувајќи само еден молив. Кога студентката Џојс Гилос Торефранка го видела ова, го фотографирала и набргу фотографијата го обиколила целиот свет. Даниел примл стипендии и поддршка од филипинските политичари и луѓе од целиот свет.

Деветгодишниот Даниел бил забележан како учи на улица на светлото на локален Мекдоналдс ресторан, употребувајќи само еден молив.

h1

Тој живее под штанд за храна, заедно со неговата мајка Кристина којашто заработува само 80 филипински пезоси дневно (околу 1.5 евро).

h2

Фотографијата инспирирала илјадници луѓе, и благодарение на неа добил школарини и помош од социјалните работници.

Сподели на Facebook
пати видено