Бездомник го добил шокот на својот живот кога од едни молери побарал нешто ситно – а тие наместо тоа му понудиле работа. Ова се случило во Манчестер, Велика Британија, каде што двајца мажи варосувале ѕид. Бездомникот им побарал пари. Тие го прашале дали пиел тој ден, и откако тој им одговорил дека не пиел, тие му дале една четка и тој зел да им помага, при што тие го подучувале на занаетот, а по завршената работа му платиле на човекот.

ml01

„Ова беше навистина добро дело, тие зедоа еден од улица и му дадоа работа, а на крај беше и платен за тоа“, споделува човекот кој фотографирал настанот, импресиониран од невообичаената постапка. Една стара кинеска поговорка вели: „Дај му риба на гладниот и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да лови, и ќе го нахраниш за цел живот.“

ml02

Сподели на Facebook
пати видено