Жените се млади и стари, облечени во црно или во светли бои, работат како актерки и техничари во операционата сала, но сите тие имаат едно нешто заедничко: тие се вештерки. Новата колекција на фотографии, „Големата Аркана: Вештерки во Америка“ ја истражува идејата за тоа кој денес се идентификува како вештерка и тие немаат шилести капи, голем нос или зелена кожа.
Фотографка од Бруклин, Францис Ф.Дени уште во 2016 тргнала во потрага низ Америка да го документира она што денес значи зборот „вештерка“ и пронашла луѓе со различни идентитети. Таа разговарала со нив за „табу“ темата да се виде модерна вештерка и односот на општеството кон оваа определба. Францис открила дека еден нејзин предок бил судија за време на судењата на вештерки во Сејлем, а само 20 години пред тоа една од нејзините предци била осудена за вештерство.
Дени фотографирала околу 70 луѓе за проектот, а 20 од нејзините фотографии се наоѓаат на изложба во ClampArt. Пред секоја фотосесија Дени ги прашувала вештерките каде би сакале да бидат фотографирани и голем дел од нив ја избрале природата како локација. Секоја жена се облекувала во духот на нивното уверување и Дени ги замолила да земат со нив нешто лично, што има големо значење за нив како вештерки.
Маја (на фотографијата погоре) се смета себе за „бела вештерка“. Таа живее во Лос Анџелес и за фотосесијата се појавила облечена во бело.
Дија Династи (на фотографијата погоре) е „алфа вештерка“, „шамантрикс“ и „женски супремацист“. Таа донела кристали и камшици на фотосесијата. Дија се фокусира на проширување на BDSM искуството со дискусија, едукација и информирање на луѓето.
Вештерката Мередит со себе земала стап кој е украсен со материјали кои ѝ ги доделиле или подариле други вештерки, како што е кожа од змија или шепа од мечка.
Волк (на фотографијата погоре) е „еклектична вештерка“ и не се придржува до една етикета за нејзините верувања. Нејзината книга за инспирација, како и за многу други вештерки е „Жените кои трчаат со волците“ од Клариса Пинхола.
За Дебра (на фотографијата), работата на вештерка е за вклучување и прифаќање на темните страни на нас самите. Дебра работи со актери во режија и како инструктор за актерска дејност, така таа ги насочува да ги интегрира емоциите и аспектите, како што се тага, бес или сексуалност.
„Вештерка е фигура на субверзија и бунт“, изјавила Пам Гросман, која се идентификува како паганска вештерка. Гросман вели дека таа се занимава со магија откако била дете, и откако ги открила книгите за магија како тинејџерка, започнала да експериментира со нив.
Џудика Илс, која е познат метафизички автор, вели дека е благодарна што светот нема да ги гледа „стереотипните вештерки“ преку проектот на Дени. Илс, чии книги ја вклучуваат „Енциклопедијата на вештерство“, вели дека термините што луѓето ги користат за да опишат каква тип на вештерка се, како што е „зелената вештерка“, не се напишани на камен и дека дефиницијата за занаетот зависи од секоја личност посебно.
Шајн (на фотографијата погоре) ѝ кажала на Дени дека се запознала со вештерството уште од мали нозе и дека се смета себе за шаман на вештерки, практикувајќи Јоруба, египетски и шамански тапани и транс во нејзината практика.
Карен (на фотографијата) е урбан билкар и таа вели дека нејзините деца ја нарекуваат вештерка. Таа практикува билкарство, која ја нарекува нејзината религија веќе 20 години и верува дека интегрираното холистичко лекување не е само физичко, туку вклучува емоционални и психолошки симптоми што ги имаат луѓето. Таа работи како аптекар.
Стархок е добро позната личност во рамките на заедницата на вештерки. Таа е активист и автор или коавтор на неколку книги. Таа ѝ кажала на Дени дека била уапсена повеќе од 20 пати поради нејзиниот активизам.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.