Дали некогаш посакувате вашиот летен одмор никогаш да не заврши? На овие прекрасни и уникатни барови и ресторани крај плажа и не би морало да заврши.
Флојдс Пеликан Бар, Пароти Беј Негрил, Јамајка
Флојдс Пеликан Бар се наоѓа на југозападниот брег на Јамајка. Само дајте му неколку долари на некој рибар и тој со задоволство ќе ве префрли на до оваа прекрасна колипка за лежерно летно пијанчење.
Рок Бар, Индонезија
Рок Бар се смета за едно од најдобрите места за пиење во Бали. Барот се наоѓа на карпеста формација над Индискиот Океан, и во текот на целото деноноќие има диџеј кој ги забавува гостите.
Бадешиф, Германија
Бадешиф во Берлин технички не е бар на плажа, но е толку посебен што дефинитивно заслужува место на оваа листа. Покрај дрвената палуба, бар и диџеј, најуникатната одлика на Бадешиф е јавниот базен кој плови во реката Шпре.
Дјукс Ваикики, Хонолулу, Хаваи
Овој бар во Хонолулу е често полн со туристи, но вреди да се трпи гужвата и да се ужива во нашироко познатиот сладолед од макадамија со ронки од чоколадо.
Рикс Кафе, Негрил, Јамајка
Истопорен на врвот на карпа, Рикс Кафе не само што е познат по неверојатни глетки и храна кои ги пружа, туку и по бестрашните туристи и локални жители кои скокаат од триесет метри високата карпа во топлите, прекрасни јамајкански води.
Соги Долар Бар, Јост ВАн Дајк, Девствени Острови
Наоѓајќи се на островот Јост Ван Дајк на прекрасните Девствени Острови, гостите уживаат на своите лежалки во веројатно една од најопуштените атмосфери на Карибите. Соги Долар е познат по својот познат рум коктел наречен Пејнкилер.
Бомбас Сурфсајд Шак, Тортола, Девствени Острови
Овој бар е направен од стари телефонски столбови и друго отпадно дрво. Но, нека не ве залажува надворешнсота. Бомба е особено популарна дестинација за забава и е особено познат по забавите на полна месечина кои привлекуваат туристи од целиот свет.
Баба Нест, Тајланд
Најдобриот дел од одморалиштетот Шри Панва во Тајланд не се луксузните собии фантастичната услуга, туку прекрасните глетки кои ги пружа овој бар кој се наоѓа на покрив, како и неговиот бесконечен базен.
Рок Ресторан, Занзибар, Танзанија
Рок Ресторан, кој е изграден на врвот на осамена карпа на брегот на Танзанија ја служи најсвежата морска храна која би можеле да ја добиете, а покрај тоа можете да се освежите и со одлично локално пиво.
Вила Ескудеро, Сан Пабло, Филипини
Вила Ескудеро на Филипините не е бар на плажа, но со неговиот оригинален концепт заслужува место на оваа листа. Гостите јадат на маси од бамбус крај подножјето на водопад. Со оглед на тоа колку жешко може да биде на Филипините, овој уникатен ресторан звучи како вистинско освежување во врел, влажен летен ден.