Белогорскиот манастир се наоѓа на врвот на Белаја Гора во Русија, на оддалеченост од 85 километри од градот Перм и околу 50 километри оддалеченост од градот Кунгур. Во манастирот доминира прекрасна бела црква со златни куполи на коишто стојат златни крстови. Во периодот зима-пролет, белата градба не може да се разликува од снежното опкружување.
Првичната црква и манастирот биле изградени од дрво во 1894 година, и во нив биле сместени 25 сирачиња коишто таму го примиле своето образование по читање, пишување, црковно пеење, како и најразлични занаети. Кога градбата изгорела, во јуни 1902 година започнала изградбата на нова, двокатна камена црква. Во тоа време таму живееле околу четиристотини монаси, и тие помогнале во изградбата на манастирот, правејќи тули во сопствена изработка во манастирската тулана. Покрај тоа, тие се занимавале со земјоделство, сточарство, пчеларство и рибарење.
Кога манастирот бил завршен во 1917 година, во него имало место за 8000 луѓе и бил опремен со вентилација и систем за парно греење. Во црквата, високиот засводен таван и ѕидовите биле покриени со православни фрески и икони. На неговото осветување присуствувале околу 30.000 луѓе. Манастирската црква станала највеличествената црвка во Пермската епархија.
Тогаш, еден ден во 1918, во манастирот пристигнале болшевиците, го одвлекле архимандритот Варлаам во долината под манастирот, го застрелале и го фрлиле во реката Кама. Ги скршиле големите манастирски камбани со чекани и уништиле многу уметнички дела. Многу монаси ги изгубиле своите животи обидувајќи се да го спречат уништувањето на манастирот. Некои биле наредени пред ѕидовите на црквата и застрелан – дупките од куршумите на ѕидовите сѐ уште сведочат за тој крвав чин. Други биле закопани живи во масовни гробови, а многумина од нив биле депортирани.
Во 1930-те, манастирските згради биле користени како затворенички логор за политички репресираните и присилно преселените, а потоа таму се отворил дом за лица со попреченост. За време на Втората светска војна станал центар за рехабилитација за ранетите и осакатените во војната. До 1986 служел како дом за инвалиди и ментално болни лица. Во 1980, еден пациент замалку не запалил сѐ, кога подметнал пожар на покривот. Црквата била лошо оштетена и речиси сите куполи изгореле. Во 1993 година започнала нејзината обнова и трае и до ден денес. Конечната фаза на реставрацијата започнала во 2011.
Замена за помалата дрвена верзија којашто некогаш стоела тука во спомен на преживувањето на Никола II откако врз него бил извршен обид за атентат со меч во Јапонија во 1891 г.