Во белгиското пристаниште Гент, полицијата пронајде контејнер со околу 2 тони кокаин спакуван во 1903 пакети од по околу 1 килограм. Најинтересен момент во овој товар беше тоа што на некои пакувања со кокаин беше логото на руската политичка партија „Обединета Русија“. Според прелиминарните податоци, цената на целата пратка се проценува на 115 милиони долари.
Сепак, реакцијата на заменик-секретарот на „Обединета Русија“ Евгениј Ревенко беше многу неочекувана, бидејќи тој на шега искоментира за инцидентот. Тој објасни како од негова гледна точка логото на партијата би можело да се најде на огромното количества дрога: „Е тоа ти се вика популарност! Партијата е познат дури и во Латинска Америка, па нарко босовите кои испратиле контејнер од Бразил до Белгија одлучиле да го искористат нашето лого. За нас тоа беше само причина да се насмееме.“.