Во третина од сојузните држави на САД смртната стапка е поголема од стапката на природниот прираст. Според статистиките на универзитетот во Њу Хемпшир, во 2014 година ова е карактеристично за 17 американски држави, во споредба со само 4 држави во 2004. Додека латино, афроамериканското и азијското население продолжува да расте, фрапантниот морталитет меѓу средовечните бели Американци, во комбинација со фактот дека белите семејства имаат сѐ помалку деца, значи дека во сѐ повеќе држави белото население ќе се намалува.

USmap

Според извештаите, белите Американци умираат побрзо како резултат на тивката „епидемија“ на смртни случаи како последица на самоубиство и труење со алкохол и дрога. Овој тренд, кој ги погодува руралните и пустинските области, како што е случајот со државите Невада и Аризона, но и густо населените држави како Калифорнија, Масачусетс и Пенсилванија, веќе забележително се одразува на американската демографија.

bl02

„Фактот што ова се случува во држави кои сочинуваат значителен дел од населението на САД ме запрепасти“, изјавил Кенет Џонсон, професор по социологија на Њухемпширскиот универзитет и коавтор на научната статија. „Веројатно ова претстои да се случи и во други држави.“

bl03

Студијата е направена врз основа на податоците од Националниот центар за здравствена статистика, при што биле опфатени стапките на морталитет и наталитет на белото население во периодот од 1999 до 2014 година.

bl04

Сподели на Facebook
пати видено