Финската национална телевизија Иле извести дека во градот Оулу неколку десетици бегалци организираа протест заради квалитетот на храната што им ја давале властите. Финците се запрепастија кога од директорот на прифатниот центар слушнаа дека бегалците ги хранат со обично финско јадење, исто онакво какво што јадат децата во сите фински училишта.