Научници докажаа дека бебињата го помнат јазикот кој го слушаат по времето на нивното раѓање, дури и да израснат во друга јазична средина. Истражувањето покажува дека јазикот може да се учи и потсвесно во првите месеци по раѓањето, што го олеснува вистинското учење на родниот јазик.
Тимот тврди дека ова е добра вест за тие деца кои биле посвоени во други земји и кои сакаат да се поврзат со мајчиниот јазик.
„Дури и во најраните месеци на животот е положена основата на јазикот“, објаснува Мириам Броерсма од универзитетот Радбаут во Холандија.
„Она кое останало од мајчиниот јазик е апстрактното познавање за тоа какви модели на изразување се можни, не останале само некои зборови“, објаснува таа.