Економската криза во Венецуела сега е толку лоша што во болниците се употребуваат картонски кутии место инкубатори. Овие фотографии со малите заспани бебиња предизвикале голем гнев по нивното објавување на интернет. Сликите ги сликале луѓе од медицинскиот персонал кои сакаат да останат анонимни. Експертите велат дека болниците страдаат од недостаток на храна, гориво и разни други видови ресурси.
Даглас Леон, претседател на Венецуелската медицинска федерација тврди дека некои болници работат со само пет отсто од медицинската опрема која им е потребна. Според Фармацевтската федерација, недостатокот на лекови е поголем од 80 отсто, а повеќе од 20 отсто од медицинскиот персонал од од земјата емигрирал во последните четири години поради ниските примиња во тој сектор.
Министерот за социјална заштита Карлос Ротондаро реагирал гневно на сликите, пишувајќи на Твитер: „Не ги оправдуваме дејствата превземени од професионалци без овластување од нивните претпоставени. Нашите болници мораат да се справуваат со стотици пациенти и покрај напорите на медиумите да ги манипулираат нештата. За разлика од многу други, ние ја признаваме грешката и продолжуваме да работиме.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!