Стјуарт и Ема Лабишчаг почнале да се подготвуваат за ужасните вести дека нивниот 14-месечен син нема да ги отвори очите, откако бил пренесен во болница, затоа што почнал да губи здив. Срцето на малиот Мајкл запрело, а неговата мајка Ема признава дека помислила како нејзиниот син нема да преживее.
За среќа малото момче успеало да преживее иако само 7% од пациентите во ваква состојба преживуваат. Мајкл бил во кома 5 дена и кога никој не очекувал тој се разбудил и му се насмевнал на неговиот татко. Родителите биле преплавени со емоции.
Откако се разбудил Мајкл, Ема и Стјуарт биле предупредувани дека нивното дете би можело да претрпи оштетување на мозокот, иако скенирањето открило дека немало такво нешто.
Сепак, неговите родители наскоро дознале дека срцевиот удар е резултат на редок срцев тумор што го има Мајкл, познат како срцев фибром. Иако поголемиот дел од срцевите тумори кај децата се бенигни, тие сепак можат да бидат опасни по живот бидејќи срцето е толку суштински орган.
Фибромите можат да го попречат протокот на крв и честопати се поврзани со аритмија и вентрикуларна тахикардија, а тоа е кога срцето чука побрзо од нормалното.
Мајкл бил опремен со пејсмејкер, кој треба да помогне во контролата на ритамот на неговото срце, но затоа што тој е толку мал, уредот го ограничува неговото движење, правејќи го да не може да седи или да ја држи своја глава. Пејсмејкерот, исто така, се бори да го прочита срцевиот ритам на бебето, што значи дека потенцијално нема да работи како што би требало.
Родителите во моментов собираат пари за да платат за операција. Сепак, тие објаснија дека третманот не е достапен во Велика Британија и за жал не е рутински финансиран од NHS.
Наместо тоа, тие планираат да патуваат во болницата за деца во Бостон, во САД, за третман каде што кардиохирурзите се „најдобрите во светот“.