11-месечно бебе од Кина, родено со три нозе, поради екстремно ретка состојба во бременоста, било подложено на операција за отстранување на третата нога. Успешната операција траела околу 10 часа и била направена во болница во Шангај.
Ксиао Феј и неговото семејство доаѓаат од Ксинџијанг во западна Кина. Неговиот паразитски близнак не бил откриен пред неговото раѓање, бидејќи неговата мајка не била подложена на редовни проверки за време на бременоста. Откако се родил Ксиао, неговото семејство го носело насекаде низ Кина за да побараат третман за него и конечно биле примени во Клиничкиот центар за јавно здравје во Шангај.
Хирургот на момчето Чен Киу ја опишал состојбата на Ксиао Феи како „многу комплицирана“. Ченг изјавил дека средната нога на детето ќе биде отстранета, затоа што немала никаква функција. Сепак, иако десната нога на Ксиао е сочувана, таа има деформитет бидејќи стапалото има облик на дланка и не може да функционира правилно.
Затоа, Чен изјавил дека тој и неговиот тим не само што ќе ја отстранат средната нога на бебето, туку и ќе го исечат стапалото од десната нога, за да го трансплантираат стапалото на средната нога.
Освен паразитскиот близнак, Ксиао бил дијагностициран и со низа други проблеми како што е неспуштен тестис, абдоминална хернија и вродено срцево заболување. Овие услови ги зголемиле тешкотиите при операцијата, според хирургот Чен.
Бао Хуан, директор на Одделот за урологија на болницата, изјавил дека хирурзите ќе го донесат десниот тестис на Ксиао од стомакот до неговото вообичено место за време на истата операција. Операцијата започна во 10 часот и завршила во 19:35 часот. Хирурзите тврдат дека е успешна.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!