Ова шестмесечно младенче кое се вика Фантом цело време остана крај мајка си додека врз неа се изведуваше тешка операција за да ѝ го спасат животот. Мајката коала Лизи била удрена од кола на патот Варего во Австралија, претрпувајќи траума на главата и престанок на работата на белиот дроб. Двете коали сега се опоравуваат во австралиската зоолошка болница основана од Стив Ирвин и неговата жена Тери.
Коалите природно се среќаваат во Австралија и главно се прехрануваат со листови на еукалиптус. Тие се асоцијални животни, и единствената врска која ја остваруваат е таа помеѓу мајката и нејзините зависни младенчиња. Бебињата коали остануваат во торбичките на нивните мајки во текот на првите шест до седум месеци од нивниот живот, и од млекото се одбиваат по една година.