Ова новороденче е прогласено за чудо откако успеало да преживее голо во студен одвод од канализацијата, во кој имало колонија на црвени мравки. Чармеј Киви го шетала нејзиното куче Џорџи во Порт Елизабет, Јужна Африка, кога одеднаш кучето почнало да лае. Жената помислила дека се работи за маче, но кога клекнала сфатила дека тоа е всушност плач на бебе.

Таа тогаш стопирала еден автомобил, во кој бил 60-годишниот Корни Вилјоен и двајцата се согласиле дека слушаат плач на бебе. Човекот земал челична шипка и со помош на армеј успеале да го кренат бетонскиот капак на одводот.

Спасувачот Корни се спуштил во дупката длабока 2 метри и веднаш се исплашил бидејќи директно стапнал во колонија од црвени мравки. Кога продолжил кон внатрешноста на одводот го забележал малото бебе. „Црвените мравки се движеа по мојата нога, а потоа го видов бебето и сфатив дека ова е место на злосторство и го фотографирав, а потоа ѝѝ го дадов мобилниот на Чармеј. Не знаев дали бебето е повредено, затоа ја кренав внимателно и иако сакав малку да ја подржам во рацете, знаев дека и треба помош.“, вели Корни.

За среќа мравките не стигнале до новороденчето. Полицијата и брза помош пристигнале и бебето било лекувано од хипотермија на лице место, а потоа било префрлено во болницата Дора Нгинза. Портпаролот на болницата изјавил дека бебето било пронајдено голо, со цела папочна врвца и дека страда од хипотермија и респираторни проблеми.

Портпаролката на полицијата, полковник Прискила Наиду, изјавила дека единствениот начин на кој бебето можело да заврши во канализацијата е некој да го отстранил бетонскиот капак, да се спуштил и да го оставил внатре. Чармеј вели дека не е можно жена која само што се породила да го крене бетонскиот капак, бидејќи таа и Корни успеале да го кренат само со метална шипка.

Полицијата спровела истрага и е во потрага по мајката на детето. Девојчето е моментално во добра здравствена состојба и тежи 3.09 килограми. Персоналот од болницата се надева дека нејзината вистинска мајка нема да се појави и дека девојчето, кое го крстиле Грејс Април ќе го добие семејството кое што навистина го заслужува.

Сподели на Facebook
пати видено