Еликсирот на бесмртноста (познат и како „еликсир на животот“) е легендарна супстанција пронајдена во многу древни култури. Овој еликсир се очекува да му даде вечен живот на лицето кое го консумира. Историјата на Кина е исполнета со цареви и други важни мажи кои се обидувале да живеат вечно, но наместо тоа, добиле прерана смрт за своите амбиции.
Луѓето од елитата најчесто ги поддржувале таоистичките алхемичари, кои им обезбедувале некој вид на супстанца која наводно ќе им даде бесмртност. Меѓутоа, ингестијата на таквите еликсири не им дозволувала да живеат вечно. Во многу случаи еликсирите, кои содржеле екстремно отровни елементи, (иронично) биле одговорни за смртта на оние кои ги консумирале.
Еликсирот на бесмртноста е концепт што може да се најде во митологија на Таоизмот. Една од најпознатите приказни за овој еликсир е онаа на Чанг, кинеско лунарното божество. Според кинескиот фолклор, Чанг е сопруга на Хоу Ји, легендарниот стрелец, кој соборил девет од 10-те сонца што ја запалиле земјата. Како награда, Хоу Ји добил еликсир на бесмртноста. Но неговата сопруга Чанг го испила еликсирот и веднаш одлетала на Месечината. Еден од придружниците на Чанг, на месечината станал и Месечевиот Зајак, за кој некои велат дека го прави еликсирот на бесмртноста.
Врз основа на таквите литературни референци, таоистичките алхемичари на древната Кина се обидувале да ја создадат оваа легендарна супстанција сами. „Рецептот“ за таквите еликсири варирал од еден алхемичар до друг и можел да содржи органски (растенија и животни) и неоргански (метали и минерали) состојки.
Еден пример за органска состојка е Лингџи, што во превод значи „натприродна печурка“ и позната како „Печурка на бесмртноста“. Оваа печурка се наоѓа во Источна Азија и се користи во традиционалната кинеска медицина повеќе од два милениуми. Некои текстови тврдат дека редовното консумирање на овие печурки може да ја нааправи личноста бесмртна, иако ова досега не е докажано дека е вистинито. А како неорганска состојка алхемичарите најчесто ја користеле опасната жива. Бидејќи овој метал е течен на собна температура, ги фасцинирал алхемичарите од древната Кина.
Според историски извори, бројни цареви од разни династии во Кина подлегнале на негативните ефекти на еликсирите на бесмртноста што ги конзумирале. Тие го вклучуваат царот Вузонг (династијата Сонг), царот Џиаџинг (династијата Минг) и императорот Јонгженг (династијата Куинг).
Најпознатиот кинески император, кој починал со користење на еликсир на бесмртноста, сепак, е Чин Ши Хуанг, првиот император на Кина. Опсесијата на царот со бесмртноста е добро позната во кинеската историја и е забележана од древни кинески историчари.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.