Еден пријател на еден познат банкар му се пожалил дека има 1000 евра за земање од својот должник, но не можел никако да го тужи затоа што немал никаков документ.
– Напиши му e-mail веднаш, – го посоветувал банкарот – и побарај му да ти ги врати тие 1500 евра што ти ги должи.
– Но, тој ми должи само 1000!
– Токму така. Тој ќе избрза да ти напише дека тој не позајмил од тебе 1500, туку 1000 евра. Ова писмо ќе ти биде доволен документ со кој може да го тужиш.